Кремљ: Отворени сме за преговори

Од:

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека целите на руската „специјална воена операција“ во Украина остануваат непроменети, додавајќи дека тие можат да се постигнат преку преговори.

„Насоката не е променета, специјалната воена операција продолжува и ќе продолжи додека не ги постигнеме поставените цели“, рече Песков, а потоа додаде: „Неколку пати повторивме дека остануваме отворени за постигнување на овие цели преку преговори“.

Песков додаде дека и покрај отвореноста на Кремљ за преговори, тој не гледа можност за разговори со Западот во блиска иднина поради неговиот „непријателски однос“ кон Русија.

„Потребни се две страни за разговор, а Западот сега зазема многу, многу непријателски однос кон нас, така што мислам дека нема да бидат можни никакви разговори во блиска иднина“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ