Северна Кореја лансираше, како што се верува, балистичка ракета кон Јапонското Море, соопшти јапонската крајбрежна стража, пренесува „ТАСС“.
Јапонската полиција ги повикува бродовите во регионот да не им се приближуваат доколку се најдат фрагменти од проектил, туку веднаш да контактираат со властите.
Ракетата што Северна Кореја ја лансираше во ноќта меѓу четвртокот и петокот по локално време веќе падна, соопшти крајбрежната стража.
Истовремено, засега не се познати попрецизни информации за местото каде паднала ракетата.
Јапонското Министерство за одбрана моментално собира и анализира информации во врска со ова последно лансирање ракета од Пјонгјанг.