СДСМ: Антидржавно ВМРО-ДПМНЕ среде криза блокира закони во Собрание

Од:

„Среде глобална економска и енергетска криза, антидржавното ВМРО-ДПМНЕ се однесува несериозно и неодговорно. Додека глумат загриженост за кризата, кочат и блокираат педесетина закони во Собранието, во соодветните собраниски комисии и на пленарните седници, од кои голем дел се за полесно пребродување на кризата“, соопшти СДСМ.

„Од една страна од Белата плата тврдат дека се загрижени за граѓаните во време на криза, а од друга страна го блокираат законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој кој што обезбедува ликвидни средства за нормално функционирање на ЕСМ.

Со блокадите на законските решенија за полесно справување со кризата, ВМРО-ДПМНЕ им нанесува штета на граѓаните и на стопанството.

Владата предводена од СДСМ обезбеди пакет мерки за надминување на кризата во вредност од 750 милиони евра, што претставува 5,5 отсто од БДП и е најголем во споредба со државите од Западен Балкан.

За помошта да стигне што поскоро до оние на кои им е најпотребна, потребни се измени на законски решенија, а не блокади, кочење и опструкции.

ВМРО-ДПМНЕ треба да прекине со неодговорното однесување и да застане на страната на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа