Претседателот на Собранието Талат Џафери ја одби иницијативата за свикување референдум на лидерот на Левица Димитар Апасиев. Во одговорот до Апасиев Џафери наведува дека барањето за свикување рефернедум не е усогласено со Деловникот на Собранието и како што вели прашањето не е добро поставено. Барањето за рефрендум се одесува на “францускиот предлог“ за решавање на спортот со Бугарија и почеток на преговроте на земјава со ЕУ.
„Ако предлогот на Закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој Деловник, претседателот на Собранието, пред да го достави на пратениците, ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите од овој Деловник. Ако предлагачот не го дополни предлогот на Закон во рок од 15 дена од барањето на претседателот на Собранието, се смета дека предлогот на Законот не е поднесен“, се вели во одговорот на Џафери кој се повикува на Деловникот.