(ВИДЕО) Костовски: Секој ден од Белиот дворец се пласираа најдолни лаги

Од:

Со денови ВМРО-ДПМНЕ ја лажеше јавноста и фабрикуваше лаги против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Секој ден од Белиот дворец се пласираа најдолни лаги. Тие лаги се демантирани и од Државната комисија за спречување на корупцијата која соопшти дека нема никаков основ и затоа нема да има никаква постапка, изјави денес на прес конференција Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

– Со ова се потврдува дека измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ се единствено со цел да се дефокусира јавноста од криминалниот тендер од 136 милиони евра во Град Скопје, за кој функционерите на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа за вмешаност.

Денес, откако и потона и последната нивна лага, Мицкоски, Лефков, и ВМРО-ДПМНЕ треба да му се извинат на претседателот Ковачевски, а потоа и на јавноста која со денови ја лажеа и манипулираа.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, тоа е криминална партија која своето дејствување го базира на лажни вести и фабрикувани дезинформации затоа што нема никаква понуда за граѓаните – рече Костовски.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме