Десетици илјади демонстранти излегоа денеска на улиците на филипинскиот главен град, во знак на протест против корумпираноста на политичарите. Акцијата беше организирана преку социјалните мрежи.
Помали собири имаше и во провинциските градови. Тоа се најмасовните протести, откако во 2010 година на власт дојде Бенињо Акино, кој во својата кампања стави акцент на борбата против корупцијата.
Во протестите учествуваат свештеници, студенти, бизнисмени, трговци и семејства од средната класа.
Повикот за протестите беше упатен пред две недели на „Фејсбук“ и „Твитер“, по серијата текстови во весниците за скандалозна измама со Фондот за поддршка на приоритетниот развој.