Бајден до Зеленски: „Неблагодарен си, тешко дека ќе можам да барам пари ако продолжиш да се жалиш“

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе биде тешко повторно да бара пари од американскиот Конгрес доколку продолжи да се жали дека не добива доволно помош, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“, повикувајќи се на поранешен претставник на Белата куќа.

Весникот наведува дека од почетокот на конфликтот во Украина во февруари, Зеленски и неговите претставници континуирано бараат од САД и другите западни земји да пренесат дополнителна воена и финансиска помош, оружје и да воведат санкции кон Русија, и покрај фактот што Вашингтон им испрати огромни суми на помош.

Според поранешен функционер на Белата куќа, Бајден и Зеленски редовно разговарале по телефон и во еден момент американскиот претседател побарал од Зеленски да престане да кажува дека помошта е недоволна, бидејќи изгледал „неблагодарен“.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен вчера изјави дека во наредните недели САД ќе почнат да испраќаат 4,5 милијарди долари помош што Конгресот ја наведе во буџетот како директна поддршка за Украина.

На почетокот на октомври, Белата куќа објави дека Бајден потпишал нацрт-закон со 12,4 милијарди долари нова помош за Киев, вклучително и 4,5 милијарди долари економска помош за украинските власти.

Би можело да ве интересира

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

Предупредување од Путин: „Орешник“ ќе ве претвори во прашина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски