Зеленски: Нема преговори со Путин, тој нема иднина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска уште еднаш повтори дека нема намера да преговара со Владимир Путин. Но, интересно е што ја остави отворена вратата за преговори во случај Путин повеќе да не биде руски претседател.

„Мораме да го признаеме очигледниот факт: не може да има преговори со овој руски лидер, кој нема иднина“, рече Зеленски.

„Може да има преговори со некој друг лидер на Русија, кој ќе ја почитува Повелбата на ОН и основните принципи на хуманост и територијален интегритет на Украина. Можеби во некоја друга конфигурација, во која главниот терорист нема да има можност да влијае на клучните одлуки преку тероризам“, рече украинскиот претседател.

„Само едно лице го блокира мирот. Таа личност е во Москва“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

Предупредување од Путин: „Орешник“ ќе ве претвори во прашина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски