Премиерката на Естонија Каја Калас и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објавија заедничко видео снимено на граничниот премин меѓу Естонија и Русија.
My message with @vonderleyen at the Narva border crossing, with Russia on the other side:
The best way to be with #Ukraine right now is to speed up our support.
Russia's targets are civilians. Ukraine needs air defence systems to protect its people.
We #StandWithUkraine. pic.twitter.com/yk7HxhwZZY
— Kaja Kallas (@kajakallas) October 10, 2022
“Шокирана сум и ужасната од суровиот напад врз Киев и другите украински градови. Русија уште еднаш на целиот свет му покажа за што се залага – терор и бруталност. Одговорните мора да бидат казнети. Жалиме за жртвите, изразив искрено сочувство до нашите украински пријатели. Знам дека Украинците нема да бидат заплашени од ова, а Украинците знаат дека ќе бидеме со нив се додека е потребно“, рече Фон дер Лајен, а потоа и Калас.
“Ние стоиме овде на источната граница на Европската унија. Во позадина е Русија. Испраќаме јасна порака до сите Украинци – ве поддржуваме на секој можен начин. Она што треба да направиме е да испратиме системи за противвоздушна одбрана во Украина , за да можат Украинците да ги заштитат своите градови, нивните цивили. Русија, имено, ја ескалира штетата што ја нанесуваат на цивилите. Ние стоиме со жртвите. Ние стоиме со Украина“, рече Калас.