Жител на Бродец осомничен за измами

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 52-годишен жител на Бродец, осомничен дека сторил четири различни кривични дела – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

– На 23 септември тој измамил жител на селото Палчиште, ветувајќи му дека ќе му помогне да извади возачка дозвола, а за услугата побарал и добил надомест од 1.450 евра. Во јули годинава, на сличен начин држел во заблуда жител на Тетово, кој за помош при вадењето возачка дозвола на осомничениот му исплатил сума од 1.200 евра. Откако ги зел парите, осомничениот веќе не му одговарал на телефонските повици, соопшти Обвинителството.

„Осомничениот, во август, на жител на селото Шипковица му се претставил како шеф во ЕВН-Тетово и му ветил дека ќе издејствува за две недели во куќата да му стават нов приклучок за струја. За услугата на оштетениот му зел 2.800 евра на рака, и му побарал документи за куќата, но набрзо потоа престанал да комуницира со него.

За да заврши оставинска постапка за жител на селото Боговиње, осомничениот на 26 септември побарал и добил 1.300 евра од оштетеното лице, а услугата никогаш не ја извршил.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена“, се додава во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали