(ВИДЕО) Седум загинати во експлозија на бензинска пумпа во Ирска, преживеаните се бараат во урнатините

Од:

Бројот на загинати во експлозија на бензинска пумпа во округот Донегал, Ирска, се искачи на седум, додека потрагата по преживеани продолжува, соопшти во саботата ирската полиција, пренесуваат агенциите.

Експлозијата се случи во петокот попладне на бензинската пумпа Еплгрин во предградието на селото Крислау. Полицијата се уште не ја соопштува причината за експлозијата. Уште осум лица се згрижени во болница, соопшти полицијата.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат станбена единица над бензинската пумпа со урнати ѕидови и делумно урнат покрив, со остатоци расфрлани низ паркингот каде што беа паркирани неколку автомобили.

Ирскиот премиер Мајкл Мартин рече дека петокот е „најтемниот ден“ за Донегал и Ирска. „Моите мисли и молитви денес се со оние кои ги загубија животите и оние кои беа повредени во разорната експлозија во Крислау“, рече Мартин, според ДПА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема експлозија: 19 мртви

Англија ја совлада Ирска

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Најмалку четири лица загинаа во експлозија на гас во зграда во Русија

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во паркот Јелоустоун се случи хидротермална експлозија, нема повредени