Томовски: Три месеци Владата не носи закон за регулирање и превенција на здружение како тоа за Цар Борис

Од:

„Македонија е земја на слободата која се потпира на многу жртви, коски, крв, човечки страдања и столетна борба за своја независност. И во сите тие паузи до наредните битки исполнета со многу предавства, порази, откажувања и повторни обиди да се докаже природното право на слобода“, напиша на социјалните мрежи, Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонците опстојале нив вековите поради својата пркост, верба и сон. И таквиот идеал не бил само на тест од внатрешните предавници, туку и од постојаните аспирации на сите наши соседни народи. И низ таква една отворена борба македонскиот народ ја челичел својата отпорност и дух кој ги поразил сите негаторски елементи.

И затоа Асном, а потоа и 8 септември преставува и победа на илинденците, на сите нивни претходници, но и на ВМРО како најверен чувар на каузата. Сите ние колку и некој да сака се прави политички слеп како македонци ги знаеме бугарските аспирации кон Македонија, но она што вистински повредува е премолчувањето, а со тоа и одобрувањето на сето тоа од Владата на Македонија. А одземањето на идентитетот се случува на рати. “Иван Михајлов” од Битола, стана “Цар Борис”-окупаторот во Охрид. Кога не се сопира сето ова, несомнено бугарската политика ќе притиска и ќе продолжи да се расеменува семето на негирање на Македонија, и тоа директно во нејзиното срце, единственото слободно парче независна Македонија.

На владата и требаат 3 месеци да поднесе закон со кој ќе се регулира поостро создавањето на вакви неофашистички здруженија како она на бугарскиот Хитлер, Цар Борис. Да беше закон за некој тендер, немаше да и требаат 3 дена.

Супстратот на оваа влада не само што е криминален, туку и предавнички. И нормално верувам дека ќе се најдат многу однародени гласни поединци, некои нови Мане Мачков кои ваквиот срам на македонска почва ќе го оправдуваат, но не го потценувајте народот.

И не има многу кои од мали нозе слушаме и се поклонуваже на хероите на Македонија и нашето ВМРО и кои сме спремни да ја кажуваме вистината. И на крај, и покрај сите предаства, откажувања, и внатрешни предавници, знајте дека ВМРО ќе победи, и Македонија е жива, и нашите срца чукаат за ова сонце!“, додаде Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС