(ВИДЕО) Грозоморни детали за масакрот на Тајланд: Убиени бремена негувателка и двегодишни деца

Од:

Поранешниот полицаец Пања Камларб уби најмалку 34 лица, од кои повеќето деца, во градинка во североисточната провинција Нонг Буа Лам Пу во Тајланд. Убиецот вооружен со пушка, пиштол и нож влетал во градинката и отворил оган. Пукал по случаен избор и кон минувачите додека бегал од дневен престој. Убил и учителка која била бремена во осмиот месец.

Три од убиените деца биле на две години, јавува Ројтерс, цитирајќи претставник на локалната полиција. Од полицијата велат дека бил очигледно под дејство на дрога. По масакрот, тој побегнал дома со својот пикап каде ги убил сопругата, синот и на крајот себеси.

При доаѓањето на напаѓачот во градинката имало околу 30 деца, што е значително помалку од вообичаено. Причина за ова е силниот дожд, велат мештаните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач