Мицевски: Бугарските европратеници бараат бришење на македонскиот јазик, затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни промени

Од:

Бугарските европратеници без разлика од која политичка опција доаѓаат, тие бараат бришење на македонскиот јазик. Ова веќе не се само желби искажани напразно, ова е веќе официјална политика на Бугарија кон Македонија, која што во текот на вчерашниот ден, уште еднаш се потврди преку амандмани на Мешовитиот парламентарен комитет во Стразбур, поднесени од страна на бугарските европратеници каде побараа бришење на македонскиот јазик вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола ницевски.

-Како едни од подносителите на овие амандмани се вбројуваат и Сергеј Станишев, претседател на Групата на социјал-демократи во Европскиот парламент и поранешен премиер на Бугарија, како и од Александар Јорданов, од Сојузот на демократски сили и поранешен амбасадор во Македонија.Значи, без разлика на која политичка опција припаѓаат бугарските претставници и државници, бугарската политика и дипломатија кон македонското прашање не се менува. За жал, тоа не е случај и кај нас. Ве уверувам дека ова нема да биде последната уцена и вето кон Македонија од страна на бугарската страна, бидејќи токму штетниот Договор за добрососедство потпишан од страна на македонската влада го дозволува тоа. Оттука, повторно сакам да упатам силна порака дека уставни измени нема да има се додека не се укине и измени уценувачкиот и асимилаторскиот Договор за добрососедство, кој што за волја на вистината е извор на сите неправди, уцени, негации и омаловажувања на македонскиот народ. Ова е мојот став и ставот на ВМРО-ДПМНЕ од кој нема отстапување и нема попуштање напиша Мицевски на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата

Мицевски повика итно да се донесат измените на Законот за патни исправи

Мицевски: Проблемот со испразнетото место во ДИК ќе се надмине, еден од кандидатите ги повлекол документите

Има 20 потписи за свикување итна седница, денес може да се изгласаат измени за возачките и личните карти

A1on