Обожавател на Путин се расплака на руската државна телевизија и ги нарече оние кои не сакаат да гинат во војна „ѓубре“. За време на интервјуто, Борис Корчевников рече дека е тажно што некои Руси „не разбираат зошто се случува оваа војна“.
Корчевников зборуваше за патриотизмот и се чудеше зошто некои луѓе не се трогнати од она што го видоа дека им се случува на руските војници во војната.
Crying Russian propagandist accused those who don’t want to die in Russia’s war of being “a zero, decay and garbage.” Despondent, he wept live on-air, urging others to join the battle, but didn’t express any desire to do so himself. More in my article ⤵️https://t.co/uhCtxy8Tz4 pic.twitter.com/s6u99PSAHO
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) October 5, 2022
„Ако и тогаш не можете да го промените односот кон вашата земја, вие сте изгубена кауза, вие сте ништо, вие сте нула. Нема потреба да го учите човештвото на патриотизам или љубов. Вие сте гнили, вие сте ѓубре“, додаде тој.
Додека гласот му трепереше, тој рече: „Руски војник ќе умре во битка за вас. Погледнете го овој човек, умира за вас. Разберете дека тој го дава својот живот за вас“.