На Дебарско Езеро одржано државното првенство во веслање

Од:

Во организација на Веслачката федерација на Македонија, во водите на Дебарското Езеро, вчера се одржа 22-то државно превенство во веслање.

На првенството учествуваа веслачките клубови „Црн Дрим“ од Струга, „Југ“ од Охрид и домаќинот „Дебар“.

Во женска и машка конкуренција, во скиф и дубл скул категорија, во десет дисциплини силите ги одмерија четириесет натпреварувачи.

Најдобри екипно беа веслачите од Охрид, втори веслачите од Струга и последни домаќините.

Според претседателот на веслачката федерација на Македонија, Златко Голабоски учесниците покажале солидни резултати, како резултат на нивното залагање и залагањето на нивните тренери.

Тој го потенцираше фактот дека Дебарското Езеро нуди одлични услови за одржување, не само на државни туку и на меѓународни натпревари на сите видови спортови на вода.

Според претседателот на ВК „Дебар“ Деспот Казанџиовски, за нив посебна чест е што се домаќини на државното првенство во година кога клубот ја одбележува 40-годишнината од постоењето.

Би можело да ве интересира

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Променливо облачно, со локален дожд