Дополнителни олеснувања во трговијата и обезбедувањето храна меѓу Македонија и Украина

Од:

Македонија и Украина денеска во Прага потпишаа одлуки со кои се дополнува и ревидира постојниот Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји.

Одлуките ги потпишуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка.

Потпишаните документи овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи.

Со овие дополнувања на Договорот за слободна трговија се постигнува многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло, односно ако досега за извоз во Украина се користеа само суровини од Северна Македонија и Украина и обратно, а за извозот од нашата земја се користеа само суровини со потекло од Северна Македонија и Украина, со овие нови правила ќе биде возможно да се користат и ЕУ суровини. Новиот Договор ќе овозможи користење на суровини од Украина при извоз во ЕУ и обратно.

Би можело да ве интересира

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците го нападнаа Белгород, има жртви и големи штети

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски