Поранешен советник за безбедност на Трамп: Тешкотиите на Путин ја зголемуваат веројатноста за употреба на нуклеарно оружје

Од:

Растечките проблеми на Владимир Путин во Украина ја прават руската употреба на тактичко нуклеарно оружје поверојатна, изјави за Sky News Џон Болтон, поранешен американски советник за национална безбедност на Доналд Трамп и амбасадор во Обединетите нации, додавајќи дека рускиот претседател е во „повеќе проблеми“ отколку во било кое време од почетокот на „специјалната воена операција“.

Тактичкото нуклеарно оружје е дизајнирано да се користи на бојното поле.

– Очигледно Путин мислеше дека тоа ќе биде зајакнување на моралот за Русија, да помогне во поставувањето на темелите за идните граници со Украина. Но, факт е, барем според светогледот на Путин, борбите сега се водат на „руска почва“, а на руската војска не и оди баш најдобро – рече Болтон, разговарајќи за руската „анексија“ на четири окупирани територии во источниот и јужниот дел на земјата. Украина серијата референдуми кои Киев и Западот ги опишаа како „фалсификување“.

– Значи, без сомнение мислам дека тоа ги зголемува внатрешните тешкотии на Путин во редовната руска политика и ја прави малку поголема веројатноста дека употребата на тактичко нуклеарно оружје може да биде возможна – објасни Болтон.

Би можело да ве интересира

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски