Тропската бура Фернан се приближува кон источниот брег на Мексико, а денеска се очекува да го зафати и копнениот дел.
Фернан се наоѓа на околу 40 километри источно од државата Веракруз, а брзината на заканувачките ветрови е најмалку 72 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за набљудување на ураганите, со седиште во Мајами.
Предупредување за тропска бура е издадено од мексиканските власти за брегот на Мексиканскиот Залив од Веракруз до Тампико.
Се очекува Фернан да предизвика поројни дождови во неколку држави.