Турција и Либија потпишаа енергетски договор, Грција и Египет го оспоруваат

Од:

Турција и Либија потпишаа два договори, од кои едниот е за соработка во сферата на енергетиката, соопшти турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој предводи делегација во посета на Триполи.

– Потпишаниот документ предвидува соработка меѓу турски и либиски компании, заедничко истражување на копно и во море, дупчење во Средоземното Море, изјави турскиот министер за надворешни работи.

Но, Грција и Египет го оспоруваат договорот кој Чавушоглу го потпиша со неговиот либиски колега Наџла Мангуш.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас денеска имаше телефонски разговор со неговиот египетски колега Самех Шукри, при што двете страни го оспорија правото на либиската Влада на национално единство да потпише меморандум со Турција за истражување на природен гас, јави АНА-МПА, која се повикува на грчки дипломатски извори.

Дендиас и Шукри се договориле в недела грчкиот министер да го посети Каиро поради консултации.

Во соопштението на грчкото МНР се вели дека Грција има суверени права во регионот, кои има намера да ги брани со сите правни средства.

Во ставот се потсетува дека, според Грција, турско-либискиот меморандум од 2019 година за разграничување на ексклузивните економски зони е невалиден и незаконски, а Грција и Египет склучија договор за разграничување на сопствените зони (во истата област.) со целосно почитување на меѓународното поморско право

Грција изразува задоволство од изјавите на претседателот на либискиот парламент (со седиште во Источна Либија) и на либискиот парламентарен комитет за енергија и природни ресурси за невалидноста и недостигот на легитимност на меморандумот потпишан денеска во Триполи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски