Унгарските пратеници го одобрија новиот закон за антикорупција, со што избегнаа губење на финансирањето од ЕУ

Од:

Унгарскиот Парламент денеска го усвои првиот од серијата нацрт-закони за борба против корупцијата за да се осигура дека земјата нема да го загуби финансирањето од Европската Унија.

Мнозинството од владејачката партија ФИДЕС одобри измена на кривичниот законик. За предлог-законот гласаа 136 пратеници, седум беа против, а 14 воздржани.

Усвоеното законодавство е дел од обврските што владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан ги презеде пред Европската Комисија за да избегне лишување на Унгарија од милијарди евра финансирање од ЕУ.

Минатиот месец, Европската Комисија препорача замрзнување на 7,5 милијарди евра средства за Унгарија поради недоволните напори за борба против корупцијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

Пристигнаа реакциите на клучните играчи од ЕУ по пресвртот на Трамп