Воен комесар испратил половина од мобилизираните дома, Путин го разреши

Од:

Воениот комесар на областа Хабаровск во Русија е сменет од функцијата откако половина од новомобилизираните биле испратени дома бидејќи не ги исполнувале потребните услови, изјави денеска гувернерот на овој регион Михаил Дегтјарев.

„Регионалниот воен офицер Јуриј Сергеевич Лаико денеска беше разрешен од функцијата. Ова на никаков начин нема да влијае на извршувањето на целите поставени пред нас од претседателот Владимир Путин. Работиме заедно со Министерството за одбрана, нашата индустрија, организации и сите релевантни агенции“, рече Дегтјарјев во видеото на Телеграм.

Според гувернерот, во рамките на делумната воена мобилизација биле поканети неколку илјади жители на областа Хабаровск, но половината биле вратени дома, бидејќи не ги исполнувале потребните услови.

Во Русија на 21 септември беше најавена делумна мобилизација и беше најавено дека ќе бидат мобилизирани 300.000 луѓе.

Министерството за одбрана на Русија вчера соопшти дека државјани на Русија кои се мобилизирани во рамките на делумната мобилизација минуваат низ борбена обука во центрите за обука на Министерството за одбрана и на задните полигони.

Би можело да ве интересира

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски