Собранието ќе ја одржи 69. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 69. седница.

На дневен ред се предлог одлуките за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на РМ, за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на РМ за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на РМ за соработка со парламентите на други држави, како и за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Пратениците меѓу другите точки ќе расправаат и по предлог одлуките за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции, за избор на шеф, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), како и за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици – членови на Делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
На денешната седница се и измените и дополнувањата на Законот за оружјето, на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, на Законот за јавните претпријатија, на Законот за трговските друштва, Дополнетиот предлог на закон за индустриски – зелени зони, како и Предлог законот за поддршка на домашната музичка продукција, сите во второ читање.

Дневниот ред на седницата е дополнет и со Предлог законот за матичен број, со Предлог законот за дополнување на Законот за просветната инспекција и со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем, сите во прво читање.

Пратениците меѓу другото треба да ги разгледаат и измените и дополнувањата на Законот за студентскиот стандард, на Законот за Бирото за развој на образованието, на Законот за учебници за основно и средно образование, сите по скратена постапка.

###

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата