Вучиќ и Мицотакис во Софија разговараа за енергетската криза и европскиот пат на Србија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Софија се сретна со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, со кого разговарал за проектите и плановите за надминување на енергетската криза, како и за европскиот пат на Србија и актуелните ситуација во регионот, јави дописникот на МИА од Белград.

-Соговорниците се согласија дека Европа минува низ една од најтешките енергетски кризи во историјата и дека заедничките проекти, како што е изградбата на гасната интерконекција меѓу Бугарија и Грција, претставуваат безбеден начин за стабилно снабдување со овој енергент, соопштија од прес службата на Вучиќ

Во неа се додава дека Вучиќ посочил дека за „Србија, која продолжува да бележи силен индустриски и економски раст и постојан прилив на странски инвестиции и покрај светската криза, од клучно значење е да е обезбеди енергетска безбедност за граѓаните и економијата. Во овој контекст, заедничката борба за енергенси преставува императив не само за земјите од регионот, туку и за сите европски земји кои се без исклучок погодени од негативните ефекти од кризата“.

Вучиќ му се заблагодарил на Мицотакис за поддршката на Грција во испораката на гас за Србија во пакет со земјите од Европската унија, што ќе донесе дополнителна стабилност во наредниот период, но и за тоа што ја разбира позицијата на Србија.

-Говорејќи за европскиот пат на Србија, Вучиќ истакна дека истиот останува еден од клучните надворешнополитички приоритети на Србија, додавајќи дека во сегашната геополитичка ситуација Србија останува подеднакво посветена на зачувување на територијалниот интегритет и почитување на меѓународното право. Вучиќ уште еднаш му се заблагодари на Мицотакис за поддршката на Грција за суверенитетот на Србија и додаде дека ваквата доследна позиција е од големо значење за Белград, се наведува во соопштението.

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16