Некогашниот светски боксерски ас, Мајк Тајсон, тврди дека е на работ на смртта, поради проблеми од употреба на алкохол и дрога.
-Сакам да живеам, трезен живот. Не сакам да умрам. Сега сум на чекор до смртта бидејќи сум алкохоличар, изјави Тајсон, и додаде дека бил лош човек, направил многу лоши работи во животот и дека сака да се промени.
Четириесет и седумгодишниот Тајсон призна дека, постојано користел и дрога.
-Не пијам и не се дрогирам веќе шест дена, и за мене тоа е чудно. Лажев кога велев дека сум трезен, а не сум. Никогаш повеќе нема да земам алкохол и дрога – нагласи некогашниот светски боксерски првак.
Елена Георгиевска