Врските на Радоје Звицер со Беливук: Со авион во Црна Гора му испратиле ќебапи од човечко месо!

Од:

Вечерва во Панама е убиен Радоје Звицер, еден од водачите на Кавачкиот клан, кој до неодамна соработуваше со криминалната група на Вељко Беливук.

Вељко Беливук повеќе од една година тесно соработуваше со Кавачкиот клан. Кога веднаш по распадот на Шкалјарскиот клан, се формира нов, Кавачки клан, водачите на групата почнаа да бараат соработници во регионот.

Во последните неколку години, одредени навивачки групи во главниот град на Србија го презедоа приматот во продажбата на наркотици и ја демонстрираа својата моќ „на секој агол“, а членовите на Кавачкиот клан набрзо сфатија дека за нив е најдобро да соработуваат со најопасниот меѓу нив. Така овој клан во изминатите две години започна блиска соработка со Вељко Беливук и навивачката група на Партизан „Јањичари“ која ја предводи.

На Радоје Звицер, пребеганиот водач на „кавчаните“, кланот на Беливук со авион во Црна Гора му испратил два вида ќебапи, едните од жртвите што ги убиле и мелеле, а вторите од свинско месо што го купиле во еден белградски ресторан.

Ќебапи од човечко месо, криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ ги мелеле и ги правеле од жртвите убиени во Ритопек за водачот на Кавачкиот клан, Радој Звичер. Заедно со пратката со ќебапи од луѓе, Звицер побарал да му бидат доставени и ќебапи од познат белградски ресторан!

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Скандал во Црна Гора: Полицајци мачеле жртви за потребите на големите криминалци

Горан Наумовски

Осуден водачот на кавачкиот клан: Две и пол години за Радоје Звицер

А1он