Осуден водачот на кавачкиот клан: Две и пол години за Радоје Звицер

Од:

Во Вишиот суд на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата во Нови Сад денеска е осуден Радоје Звицер, наводниот водач на „кавачкиот клан“.

Тој е осуден на единствена казна затвор од две години и пет месеци за наведување на невистинитоста на содржината на потврдата и продолженото кривично дело фалсификување исправа.

На Швајцарецот во Нови Сад му се судеше во отсуство, а по него беше распишана потерница на 20 мај 2021 година на предлог на Вишото јавно обвинителство на Специјалното одделение за борба против корупцијата.

Обвинетиот Миленко Ѓукиќ, сега поранешен полицаец од Темерин, е осуден на единствена казна од две години и три месеци за злоупотреба на службената положба и наведување на невистинитоста на содржината.

Судијката Ана Стамениќ образложувајќи ја пресудата рече дека во текот на постапката е докажано дека Ѓукиќ го сторил кривичното дело за кое е обвинет и дека тоа не го сторил како обичен службеник, туку како полициски службеник, што е отежителна околност. На Ѓукиќ му е изречена и забрана за вршење полициска работа во сите државни институции во времетраење од пет години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанската полиција синоќа уапси 15 лица кои се членови на Кавачкиот клан

Скандал во Црна Гора: Полицајци мачеле жртви за потребите на големите криминалци

Горан Наумовски

Уапсени 17 соработници на кавачкиот клан: Се товарат за осум убиства

А1он

ВИДЕО: Во Истанбул уапсен Жељко Бојаниќ од кавачкиот клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Припадник на „Шкаљарскиот клан“ стравува за својот живот: Не сака Хрватска да го екстрадира во Црна Гора

А1он

Врските на Радоје Звицер со Беливук: Со авион во Црна Гора му испратиле ќебапи од човечко месо!

Горан Наумовски