Талибанците пукаа во воздух за да ги растераат Авганистанките кои протестираа пред Амбасадата на Иран во Кабул

Од:

Талибанците денеска пукаа во воздух за да ги растераат жените, кои пред Амбасадата на Иран во Кабул изразуваа поддршка на Иранките кои со денови протестираат.

Околу 25 жени пред Амбасадата на Иран извикуваа „Жена, живот, слобода“, „Иран станува, сега ние сме на ред“, „Од Кабул до Иран, кажи не на диктатурата!“.

Собирот беше растурен по 15 минути откако талибанците ги растераа жените пукајќи во воздух. Некои од нив се обиделе и да ги удрат демонстрантките со кундаците од пушките.

Талибанците им наредија и на новинарите да ги избришат снимките и фотографиите од протестите.

Секоја вечер во Иран се одржуваат демонстрации од 16 септември, кога 22-годишната Махса Амини почина во болница, три дена откако беше уапсена во Техеран поради кршење на строгиот кодекс на облекување на жените во Исламската Република Иран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Иран: 838 учесници во сообраќајот загинаа за време на празничната сезона

Иран: Америка не само што не понижува нас, туку и целиот свет

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран