171 сообраќајни прекршоци во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за користење мобилен телефон, шест мерки за возач почетник, како и пет санкции за некористење сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Би можело да ве интересира

Нападнат полицаец на Водно

Изминатиот викенд полицијата напиша 1.711 казни

Турција: Голема акција на полицијата, уапсени се 65 дилери

Се запали полициско возило, двајца полицајци завршија на Токсикологија

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци

За два дена полицајците напишаа 1.336 парични казни и 212 прекршоци