САД ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија

Од:

Амбасадата на САД во Москва ги повика своите граѓани да се воздржат од патување во Русија, а оние кои веќе се во таа држава веднаш да ја напуштат.

Во безбедносното предупредување објавено на веб-страницата Амбасадата наведува дека руските власти би можеле во рамки на мобилизацијата да ги повикаат на воена служба лицата кои имаат двојно руско-американско државјанство.

Истовремено од Амбасадата се наведува дека опциите за напуштање на земјата авионски се мошне лимитирани, но оти се уште се отворени копнените врски и превозот со автомобил или автобус.

„Ако сакате да ј а напуштите Русија, направете независни аранжмани што е можно поскоро. Амбасадата на САД има сериозни ограничувања во капацитетите да им помогне на граѓаните на САД, а условите, вклучително и опциите за превоз, може одеднаш да станат уште поограничени“, предупредуваат од Амбасадата на САД.

Би можело да ве интересира

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година