Поранешниот албански претседател: Демократскиот систем пропадна во 2008 година, кога земјата се претвори во премиерска република

Од:

Поранешниот албански претседател Бамир Топи изјави дека “дијагнозата за колапсот на демократскиот систем во државата е април 2008 година”, кога парламентарната се претворила во премиерска република.

Според него Рама е поединец кој ја анектирал секоја институција, почнувајќи од парламентот и кој не прифаќа ниту една сопствена грешка.

– Дијагнозата за колапс на демократскиот систем во државата е април 2008 година, кога парламентарната се претвори во премиерска република. Не може да се зборува за премиер кој нема тим, туку тој е поединец и кој стави крај на парламентот и сите институции и не прифаќа ништо, оцени Топи за Ора њуз.

Осврнувајќи се на поделбите во, некогашната партија на која и припаѓаше, опозициската Демократска партија, Топи кажа тоа го кажал и порано и целосно е потврдено дека Љуљзим Баша ” дошол и си заминал без трофеј”.

Тој кажа дека има многу аргументи за актуелната состојба во ПД и додаде дека земјата веќе нема опозиција, бидејќи е во тешка ситуација.

– Сум кажал и целосно е потврдено дека Баша дојде и си замина без трофеј. Денеска е 2022 година. Потрошив многу време и посветеност во ПД. Мислам дека не е моментот кога некоја партија има потреба и тешкотии, јас да ги кажувам моите ставови, нагласи тој.

Топи, кој е универзитетски професор, шеф на државата беше во периодот од 2007 до 2012 година, по што ја формира партијата Нов демократски дух, чија активност е целосно замрена.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он