Песков: Америка се повеќе навлегува во конфликтот со Украина, тоа е опасно

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека САД се се поблиску да станат полноправна членка на конфликтот во Украина и дека тоа е исклучително опасно.

Песков изјави дека руската страна изразува негативен став кон изјавата објавена од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во која се наведува можноста Украина да го користи оружјето што го добила од САД на териториите каде што се одржа референдумот за обединување со Русија, известува Тас с.

– САД де факто сè повеќе влегуваат во овој конфликт. Американската страна е се поблиску до тоа да стане полноправна членка во овој конфликт, а тоа е крајно опасно – нагласи Песков.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ