СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ падна прениско, дезертерот Драган Ковачки злоупотребува починати лица

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ падна прениско. Ова што го прави очајниот шпицен градоначалник Христијан Мицкоски е под секое човечко, културно и политичко ниво. Не поминаа селективно фабрикуваните лаги за претседателот Ковачевски и сега Драган Ковачки оди уште пониско, злоупотребува починати лица“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зарем за ВМРО-ДПМНЕ е нормално за политички цели да се злоупотрбува трагичната судбина на починатиот Александар Ковачевски, на кому му починаа две деца? До толку ли ниско се паднати да немаат ниту срам ниту елементарно достоинство?

Политичката култура на СДСМ не дозволува дебатата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски мисли дека на ваков начин ќе отргне внимание од јавноста за криминалните скандали во град Скопје, за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и фактот што загуби на вонредните локални избори?

ВМРО-ДПМНЕ не се менува, а скандалите во Град Скопје само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана. Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски