Цела Куба остана без електрична енергија откако ураганот Ијан го погоди западниот дел на земјата оставајќи 11 милиони жители на островот во темнина, соопшти денеска владата на оваа карипска земја.
Шефот на кубанската електроенергетска компанија соопшти на државната телевизија дека прекинот на електричната енергија е поради дефект на националниот електроенергетски систем.
Официјални лица велат дека електроенергетскиот систем доживеа тотален колапс откако една од главните централи не можеше повторно да се приклучи на мрежата, јави Би-Би-Си.
"La Finca Robaina, en San Juan y Martínez, Pinar del Río, es un desastre".
✍️? Hirochi Robaina pic.twitter.com/5s0K0YrpSF
— Qva en Directo (@en_qva) September 27, 2022
Во налетите на ураганот Ијан на островот досега се регистрирани две жртви, десетици илјади жители се евакуирани, а бројни згради ширум земјата се оштетени.
Извор: МИА