Мелони: Украина може да смета на поддршка од новата италијанска влада

Од:

Џорџа Мелони синоќа преку твитер вети целосна поддршка за Украина од нејзината претстојна влада.

– Знаете дека можете да сметате на нашата лојална поддршка за каузата за слободата на украинскиот народ. Останете силни и одржувајте ја својата вера цврста!, напиша Мелони на Твитер.

Таа, исто така, остро ја осуди Русија и изминатите постојано повторуваше дека е на страната на Киев.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски исто така преку Твитер и честиташе на Мелони за изборната победа и ѝ се заблагодари на Италија за помошта поради руската инвазија врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим