Рускиот претседател изјави денеска на средба со официјални лица дека меѓу Русите кои се мобилизираат за војна против Украина има и земјоделци, пренесува Ројтерс.
Русија е најголемиот извозник на пченица во светот, а есента е важна сезона за руските земјоделци, бидејќи почнува сеидбата на зимската пченица за жетвата следната година. Зимската сеидба веќе значително доцни поради обилните врнежи.
„Сакам да им се обратам и на регионалните лидери и лидерите на земјоделските претпријатија. Како дел од делумната мобилизација, повици доаѓаат и до земјоделските работници. Нивните семејства треба да бидат поддржани и ве молам да обрнете посебно внимание на овој проблем“, рече Путин во разговор со земјоделски службеници, кој беше емитуван на руската државна телевизија.