Димитри Песков, портпаролот на Владимир Путин, денеска изјави дека оштетувањата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ можеби биле предизвикани од саботажа.
Да потсетиме, денеска операторот на Северен тек, објави дека на тие два цевководи е забележана „невидена штета“, а Шведска објави дека гас од двата цевководи тече во Балтичкото Море.
„Кремљ е многу загрижен“
„Во моментов не можеме да исклучиме ниту една опција“, рече Песков на прашањето дали саботажа е причина за оштетувањето на гасоводите.
Тој додаде дека Кремљ е „многу загрижен“ за ситуацијата со гасоводите, за што е потребна „итна истрага“, бидејќи тоа е проблем на енергетската безбедност за „целиот континент“.