Владата нема договорено решение за парното во Скопје, Ковачевски: Сега работиме

Од:

Владата има 19 дена да најде решение како ќе ги стопли жителите на Скопје, откако БЕГ кажа дека нема намера да го снабдува градот со топлинска енергија. Со оглед дека темепратурите паѓаат, парно греење можеби ќе треба да има уште од 1 октомври односно за четири денови. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека прашањето уште не е решено и се бара решение. Се разговара со фирмата „Адора“ која ги има топланите во нејзина сопственост и не сака да ги даде под кирија, туку да ги продаде бидејќи ѝ создавале загуби.

„Во Скопје, има два дела. Знаете дека БЕГ одби да го затоплува Скопје, Градот одби да се занимава со таа комунална услуга и затоа државата мораше да донесе одлуки кои ќе значат преземање на затоплувањето на градот од друг оператор. Тоа е ЕСМ. ЕСМ има лиценца за управување. Топланите се во приватна сопственост, се разговара, ќе има решение“, кажа Ковачевски.

Тој посочува дека се работи и на тоа да нема поскапување на услугите за парно греење.

„Јас оваа година кога станав премиер, во јануари немаше парно греење. И првиот работен ден ми беше да се обезбеди затоплување на Градот Скопје. Сега работиме на снабдување на топлинска енергија на Градот Скопје. И тоа по цени, соодветни за граѓаните. Државата ги субвенционира цените на парното греење. Сите можеа да се уверат по сметките кои беа сторнирани. Цената на гасот е 10 пати зголемена од почетокот на годината. Тоа што ни е обврска, тоа го правиме. Разговарам за снабдување со енергенси“, додава Ковачевски.

Дециден е дека Владата има план за справување со енергетската криза.

„Владата има јасен план за справување со енергетската криза, тоа е ставање во функција на сите производствени капацитети. Вие знаете дека веќе се работи на оспособување на блокот 3 во РЕК Битола, во функција е ставен ТЕЦ Ослмеј и ТЕЦ Неготино. Во ТЕЦ Неготино веќе првиот пат е ставен во функција. Се работи на пуштање на вториот котел“, додава тој.

Би можело да ве интересира

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски