Стоилковски: ДКСК да отвори постапка за ухлебувањето на сопругата на Бочварски и нејзината сестра во штипската болница

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата мора да отвори постапка за испитување на вработувањето на сопругата и сестрата на сопругата на министерот Благој Бочварски во Клиничката болница – Штип повика портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Според јавно достапни информации, сопругата на Бочварски и нејзината сестра, двете во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница. Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница – Штип. Министерот Бочварски се венчава во мај годинава, а еден месец потоа, неговата сопруга и нејзината сестра се вработуваат под државна капа. Постојат силни индиции дека станува збор за непотизам, за злоупотреба на позиција, за изигрување на системот за вработување без оглас.

Тој вели дека ДКСК мора да даде неколку одговори.

– Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничка болница – Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев?. Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се ухлебени во штипската болница речиси директно „од клупа“, со неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа? Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипска болница без оглас распишан од болницата? Дали Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработат во штипската болница рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3%, сега го зголемуваат на 4.9%

Горан Наумовски

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Транспорт и врски ќе го раковди Реџепи, Бочварски се повлече поради пратеничкиот мандат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег