Фунтата падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот, како резултат на последицата од најголемите даночни намалувања во Велика Британија во последните 50 години.
Во почетокот на тргувањето во Азија, фунтата падна близу до 1,03 долари, пред да заземе одредено ниво за утрово да застане на околу 1,06 долари.
Фунтата исто така беше под притисок поради јакнењето на доларот.
Еврото, исто така, допре 20-годишен минимум во однос на доларот во утринската азиска трговија, поради загриженоста на инвеститорите за ризикот од рецесија како што се приближува зимата без знаци за крај на енергетската криза или војната во Украина.