Најмалку еден цивил загина, а тројца се ранети во експлозија во северната авганистанска провинција Бадакшан, изјави во неделата локален официјален претставник.
Муезудин Ахмади, провинциски директор на одделот за информации и култура, изјави за ДПА дека бомба покрај пат експлодирала во близина на влезната порта на општината во главниот град на провинцијата Фајзабад.
Талибанскиот функционер истакна дека ниту еден од нивните членови не бил повреден во нападот.
Засега никој нема преземено одговорност за нападот.
Извор: МИА