Шпанскиот премиер Педро Санчез е позитивен на коронавирусот и ги откажа настаните од неговата програма.
Ова се случи два дена откако Санчез се врати од Њујорк, каде заедно со шефовите на држави и влади на многу други земји учествуваше на 77-та годишна сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
– Утрово имав позитивен тест за Ковид-19, напиша шпанскиот премиер на Твитер. Тој најави дека нема да присуствува на настан во близина на Барселона организиран од каталонските социјалисти.
– Ќе продолжам да работам и ќе преземам екстремни мерки на претпазливост, додаде Санчез.
Тој не прецизираше како се чувствува и колку време нема да присуствува на состаноци.
Извор: МИА