(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, прави опструкции за бизнис интереси и лични богатења

Од:

„Со одговорни, државнички политики СДСМ ги остварува македонските стратешки, национални цели, поставени уште од независноста. Станавме членка на НАТО и започнавме преговори со Европската унија, со заштитен македонски идентитет, посебност и јазик“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Во моментов имаме 45% усогласено законодавство со ЕУ, имаме преговарачка структура, главен преговарач, со реална цел до 2030 година да бидеме полноправна членка на Унијата. Во време на глобална и економска криза, владата предводена од СДСМ презема навремени мерки за обезбедување на храна и енергенси како и заштита на стандардот на граѓаните.

Додека СДСМ води државнички политики за граѓаните, гледаме опструкции, блокади, сопки од криминалната ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски.

Фатени со рацете во медот, за тендери вредни над 136 милиони евра само се потврдува дека за ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник се важни само личните и бизнис интереси.

Затоа се сите опструкции, блокади, кочење на државата и работата на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ беа против преспанскиот договор и зачленувањето во НАТО, сега се против ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со својот проруски партнер Левица се обидува да го запре процесот на евроинтеграциите.

Не бираат средства и начин, па макар тоа било на сметка на стратешките интереси на земјата. За нив се важни само парите, провизиите и личното богатење. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, тоа истата стара, нереформирана и криминална партија. СДСМ нема да дозволи блокада на државата, продолжуваме по европскиот пат.

А на криминалната ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно како ден: секој што го прекршил законот ќе да одговара пред надлежните правосудни институции“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел