Ковачки: Обраќањето на Ковачевски на ООН е скандалозно, ниту еднаш не спомена македонски, Македонци и Македонија

Од:

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки по прес конференцијата беше запрашан од медиумите кој е ставот на партијата за вчерашниот говор на Ковачевски на 77-то Генерално Собрание на Обединети Нации.

„Вчерашното обраќање на премиерот дезертер на 77-то Генерално Собрание на Обединетите Нации во најмала рака го цениме како скандалозно. Премиер кој што се срами да каже од каде доаѓа, кој е, и да не го спомене ниту еднаш името на својата држава Македонија, а 14 пати да го спомене името „Северна“, а притоа да не го спомене ниту еднаш зборот македонски и Македонци, ни ниту една друга заедница во Република Македонија, мислиме дека е скандалозно“, нагласи Ковачки.

Тој додаде дека истиот тој премиер дезертер и должи објаснување на македонската јавност.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот