СДСМ: Арсовска само потврди, ВМРО ДПМНЕ е криминална партија

Од:

„Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во своите јавни настапи посочи дека Христијан Мицкоски имал детали кои не би смеел да ги има од сомнителниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица. Со таквите тврдења, Арсовска имплицира на директна вмешаност на Мицкоски во спорниот тендер“, соопшти СДСМ.

„Затоа е важно, надлежните институции да го расчистат овој случај, да ги истражат сите аспекти и одговорните да се соочат со соодветни санкции.

Самата Арсовска, кандидатка и градоначалничка на Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не е мрдната ниту милиметар од режимската и криминална матрица.

Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник Никола Груевски, нему му се важни само личните и бизнис интерсите на одредена група луѓе.

Тоа граѓаните го гледаат, затоа Мицкоски и ВМРО-ДМНЕ изгубија на последните предвремени избори, затоа секогаш ќе губат од граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он