Најмалку две лица загинаа денеска, а 120.000 останаа без струја во тајфунот, пропратен со обилни дождови, што ја погоди централна Јапонија, пренесува Кјодо.
Јачината на тајфунот беше 65 километри на час, со налети од 90 километри на час. Еден човек загина во лизгање на земјиштето, а еден млад човек загина откако неговиот автомобил паднал во езерце во префектурата Шизуока.
WATCH: A #typhoon lashed central #Japan on Saturday with torrential rain and strong winds, causing a landslide that killed one person in his 40s. pic.twitter.com/hUhzDdlQAT
— BNN Newsroom (@BNNBreaking) September 24, 2022
Свлечиштето урна два столба за струја, што предизвика прекин на електричната енергија за 120.000 луѓе.
Железницата обнови некои линии кои од синоќа беа во прекин поради обилните врнежи од дожд.
Во префектурата Шизуока се прогнозираат обилни врнежи, а во сила е предупредување за лизгање на земјиштето и поплави. Во Јокохама, 30 километри јужно од Токио, за денеска се препорачува евакуација поради тајфунот.
Тајфунот Нанмадол уби две лица и донесе рекордни врнежи во западна Јапонија во понеделникот.