Претседателот на Србија, александар Вучиќ рече дека е речиси сигурен оти Западот ќе се обиде да ја исклучи Русија од Советот за безбедност на ОН.
„Србија нема да гласа за такво нешто, за ограничување на правото на вето или за исклучување на Русија. Таму немаме дилема. За тоа им треба двотретинско мнозинство. Може да се повикаат и на фактот дека Русија не е правен наследник на СССР. Но, мислам дека има член во Законот 108, за кој гледам дека се подготвуваат да се повикаат. Тоа би било рушење на меѓународниот правен поредок. За една од тие одлуки им треба Кина да се воздржи. Бог знае што можат. Тоа не е ниту далеку, ниту невозможно. За нас би било катастрофа. Поради Косови и Метохија, секако“, истакна тој.
Српскиот претседател во Њујорк се сретна со минситерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.