Ковачки: Има основни сомненија дека Ковачевски има нарушена деловна способност, сам поднел документ дека е трајно неспособен

Од:

„Врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарнична постапка, бараме од судот да поведе постапка за одземање на деловна способност на дезертерот Димитар Ковачевски“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Постојат основани сомненија дека дезертерот Ковачевски има нарушена деловна способност, и со оглед на тоа дека се работи за премиер на држава, го повикуваме судот веднаш да реагира, а врз основа на чл.40 од Законот за вонпарнична постапка, кој утврдува дека постапката за одземање на деловна способност е итна.

Дијагнозата која дезертерот Ковачевски ја приложил пред АРМ дека е трајно неспособен, со цел да избегне служење воен рок, не носи во сомнеж дека ако тој не лажел за својата состојба, тогаш истата може само да прогресира.

Бидејќи дезертерот Ковачевски сега е премиер, мора да се утврди дали неговата деловна способност е нарушена или не. Доколку е, тој треба веднаш да си поднесе оставка, доколку не е, да се утврди дали кај него постои трајно неспособност или тој лажел пред АРМ да не служи војска, и во тој случај, треба да си поднесе оставка. Бидејќи ако лажел, тој фалсификувал лекарски документ, за да избегне да и служи на државата.

Одговорност мора да има. Судот да реагира веднаш и да отвори постапка за одземање на деловната способност на дезертерот Ковачевски“, соопшти Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски