ВМРО-ДПМНЕ: Ова ли е новото модерно Скопје на СДС – луѓе на директорот на Арсовска физички малтретираат вработени, оставки веднаш

Од:

„Фрапирачка снимка се шири на социјалните мрежи каде се гледа дека луѓе на новиот директор на Водовод поставен од Арсовска физички малтретираат вработени во претпријатието. Коалицијата СДСМ Арсовска, и директорот Маријан Митовски во организирана шема за демонстрирање на насилие“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Истата СДСМ која плаќа стотина илјади евра во билборди и ТВ спотови да ја брани Арсовска сега треба да понесе одговорност заедно со Арсовска како малтретираат луѓе.

Од што се плаши Арсовска и СДС па физички угнетуваат и напаѓаат вработени. Во каков мед сега се фатени. Дали се исплашени од тоа што обвинителството побара исказ од Арсовска?
Ова ли е новото модерно Скопје на СДС и Арсовска.

Веднаш поради овој инцидент треба да си поднесе оставка директорот Маријан Митовски, а Арсовска да одговори зошто се малтретираат луѓе“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски