СДСМ: Улогата на шпицниот градоначалник Мицкоски во тендерот од 136 милиони евра да се утврди институционално

Од:

„Институциите мора да го расчистат спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителната станица, како и обвинувањата за сторен криминал кои јавноста ги слушаат изминативе денови“, соопшти СДСМ.

„Институционално треба да се утврди и улогата на Христијан Мицкоски во овој тендер, особено што за неговата вмешаност обвинувања стигнуваат од негова кандидатка а сега и градоналничка на Град Скопје.

Данела Арсовска вчера тврдеше дека Мицкоски иако не смеел, сепак знаел детали и точни суми од тендерската постапка.

За тоа ли е Мицкоски шпицен градоначалник? За да се меша и влијае на тендери и јавни набавки, за да ги става рацете во медот?

Како овие доверливи информции дошле до Мицкоски треба да каже тој самиот, но треба да истражат и надлежните институции.

Очигледно е дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е ист како Груевски, важни му се само парите и бизнис интересите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента